Занимливости
ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Робот се „удави“ во фонтанa во САД
Безбедносен робот, производ на компанијата Најтскоуп (Knightscope), падна во фонтана во вашинготнскиот комплекс Џорџтаун вотерфронт (Georgetown Waterfront) каде работел и „се удави“, јави „Индепендент“.
Роботот го забележале случајните минувачи и нивните фотографии станаа хит на интернет, посебно оние на персоналот од трговскиот центар додека размислуваат како да го извлечат од водата.
Најтскоуп роботот е во состојба да ја разбере својата животна околина и да процени кога се случува нешто лошо по пат на комбинација на микрофон, камера и други сензори. Се очекува во иднина дека ќе може да открива оружје и ќе добие вештачка интелигенција.





