Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

People ја прогласи Деми Мур за најубава личност на светот за 2025 година

Шоубиз

People ја прогласи Деми Мур за најубава личност на светот за 2025 година

Магазинот People ги избира најубавите луѓе на светот уште од 1990 година, а целта му е да ги доближи познатите ѕвезди до читателите кои ги уништуваат стереотипите за убавина и со нивниот пример ги инспирираат другите. Изминативе години титулата за најубава личност на светот ја добија Мишел Фајфер, Џулија Робертс, Бијонсе и други, а оваа година актерката Деми Мур (62) беше прогласена за најубава личност на светот.

Мур неодамна постигна огромен успех со филмот „The Substance“, а за People зборуваше за нејзината кариера и за погледот кон убавината.

Маркетинг

Деми зборуваше и за тоа како со години била под притисок да изгледа совршено и дека правела екстремни работи за да го постигне тоа.

Мур ја откри и нејзината велнес рутина. „Сакам да се опуштам со кратка медитација, да пишувам дневници. И генерално сакам храна богата со хранливи материи. Не јадам месо. Јадам јајца. Но, мислам дека голем дел од благосостојбата е всушност од внатре кон надвор. Сфатив и колку е важно спиењето. Мислам, не сум совршена. Сè уште пијам енергетски пијалоци. Ги сакам. Но, не премногу. Едно.“

Таа зборуваше и за тешкото детство, бракот со Брус Вилис и нивните ќерки Румер, Скаут и Талула.

Мур неодамна се најде на листата на 100 највлијателни луѓе во 2025 година објавена од магазинот Time. Таа се истакна во категоријата „икона“. Деми оваа година беше номинирана за сите важни награди како и за Оскар за главната улога во „The Substance“, но Оскарот сепак и припадна на младата колешка Мајки Медисон. Сепак, за истата улога доби награда на доделувањата на Golden Globe, Critics Choice и Screen Actors Guild наградите.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.