Магазин
Итака – островот на нимфите
Грчкиот остров Итака е долг 29 и широк – шест километри, и се наоѓа на три километри источно од Кефалонија – најголемиот остров во Јонското Море.
Западниот брег е каменест и нерамен, и на овој дел има само неколку плажи. Источната страна пак изобилува со богата вегетација.
Главната атракција на островот на легендарниот Одисеј денес е Вати, малечок пристаништен град во кој живее над половина од вкупното население. Гратчето е релативно неразвиено, во него има само неколку хотели, а рестораните, таверните и кафулињата се наредени на крајбрежјето.





