Занимливости
Киненскиот ѕид исчезнува: Локалното население краде градежен материјал од ѕидот
Околу 30 отсто од Кинескиот ѕид, односно 1.962 километри од градбата, исчезнаа затоа што локалното население краде градежен материјал од ѕидот, кој потоа го продава или гради куќи од него.
Големиот Кинески ѕид чија изградба траеше повеќе од две илјади години изгуби скоро 30 отсто од својата должина и повеќе не е видлив со голо око од Вселената, затоа што локалното население неговите тули, камењата и плочите ги користи за изградба на куќи, се наведува во официјалната студија објавена во кинеските весници.
Во студијата на Агенцијата за државен имот на Кина се наведува дека 1.962 километри од ѕидот исчезнаа, а дека 1.200 километри од оваа монументална културно-историска градба долга околу девет илјади километри е во многу лоша состојба.




