Магазин
Од засладени пијалоци годишно умираат по 180 илјади луѓе
Од газирани и засладени пијалоци годишно во светот умираат 184 илјади луѓе, се наведува во првото детално истражување за влијанието на овие напитоци врз смртноста и здравствените компликации поврзани со дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак меѓу оние кои ги конзумираат.
Како што се наведува, 133 илјади луѓе починале од дијабетес, кој бил последица од газирани напитоци.
Меѓу конзументите на засладени безалкохолни пијалоци забележани се 45 илјади случаи на кардиоваскуларни болести и 6.450 починати од рак.




