Занимливости
Колку пати во животот може да се вљубите
Многумина мислат дека првата сериозна љубов е единствено вистинска. Но, експертите наведуваат дека во реалноста тоа е поинаку. Ако себе си дадате шанси, можно е да се доживеат и повеќе од една судбинска романса и да се сретнете „сродната душа“ во различни животни периоди.
Истражувањата покажуваат дека три четвртини од луѓето веруваат во вистинска љубов, а само пет отсто од жените и мажите никогаш не ја почувствувале оваа емоција.
Половина од жените во текот на нивниот живот искрено и длабоко сакаат само еднаш, а мажите за разлика од жените полесно го поклонуваат нивното срце. Дури 51 отсто од нив се вљубиле петпати во животот, додека 39 отсто од припадниците на „посилниот пол“ имале само една љубов.




