Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Марија Шерифовиќ објави нова фотографија со синот Марио: „Љубовта ми дава сила“ (ФОТО)

Сцена

Марија Шерифовиќ објави нова фотографија со синот Марио: „Љубовта ми дава сила“ (ФОТО)

Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ повторно ја воодушеви публиката, овој пат со една сосема интимна и емотивна објава. Таа сподели фотографија со својот син Марио, кој неочекувано ја изненадил пред еден од нејзините концерти.

„Сите ме прашуваат – Како можеш? Како пееш така трета вечер по ред? Зошто не се штедиш? Од каде ти е толку многу љубов? Па како ќе издржиш уште две ноќи? Па чувај се, Марија! Еве од каде е… Дојде синоќа, не ни знаев дека ќе дојде. Се гушкавме 15 минути и сите батерии отидоа на 90%. Твое е само тоа што го даваш“, напиша 40-годишната пејачка во описот на фотографијата, која за кратко време доби илјадници лајкови и коментари.

Обожавателите веднаш реагираа со поддршка и воодушевување, истакнувајќи дека Марија не само што е неверојатен вокал, туку и прекрасна мајка.

Маркетинг

Љубовта како најголема инспирација 🎶

Ова не е првпат Шерифовиќ да сподели моменти со својот син. На 8-ми март, таа објави фотографија со Марио, притоа изразувајќи колку ѝ се променил животот откако стана мајка.

„8-ми март конечно има смисла. Мојот најубав живот, моето најмило сонце, мило мое, моето најубаво момче, моето зелено око… Те сакам до неистражените галаксии“, напиша таа.

Со својата искреност и емоции, Марија Шерифовиќ уште еднаш покажа зошто е една од најомилените музички ѕвезди на Балканот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.