Кралицата Елизабета наместо со нож, ја пресече тортата со меч
Се чини дека на кралицата Елизабета сечењето торта со нож и е досадна опција. Додека се шегувала со Кејт, го заменила ножот со меч и ги засмеала сите околу себе.
Кралското семејство гостуваше во Корнвол по повод хуманитарна акција и самитот на Г-7. На тоа гостување кралицата Елизабета (95) одлучила да се пофали со своите вештини. Таа се смеела и шегувала со војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и војвотката од Корнвол Камила Паркер, кога и понудиле нож за да ја пресече тортата таа го одбила.
