Модни трендови
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Пет фризури за совршениот состанок за Денот на вљубените
Денот на вљубените е тука, вашиот партнер ве покани на романтична вечера, а вие се уште размислувате како да изгледате на совршениот состанок?
Нашиот пријател – стилист од „Мое студио Дадар“ – Борјан Стојков ве советува како да ја одберете соодветната фризура која најмногу ќе прилега на вашиот финален изглед.
Класичен ретро изглед што вклучува брановидна фризура без оглед на тоа дали ќе биде собрана или пуштена, е секогаш сигурен избор кога се работи за посебни пригоди. Ваквата фризура одлично може да се комбинирана со земјени, седеф тонови на сенки за очи, туш и класичниот црвен/бордо кармин.







