Низ објективот
Кејт и Вилијам ја срушија мистеријата – заедничка фотографија по гласините за проблеми во бракот
По шпекулациите дека војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам имаат брачни проблеми, кралскиот пар ја смири јавноста со заедничка фотографија на Денот на вљубените. На сликата, направена во природа, Вилијам ѝ подарува нежен бакнеж на Кејт, а во описот стои само емотикон срце.
Гласините започнаа откако Кејт неодамна се појави без вереничкиот прстен – детал кој многумина го протолкуваа како знак за дистанца во нивниот брак. Но, кралските експерти потсетуваат дека ова не е првпат таа да го изостави овој накит, бидејќи одредени ангажмани бараат едноставност и комфор.
Иако некои фанови беа загрижени, коментарите под фотографијата се исполнети со љубов: „Најубавиот пар“, „Ова е вистинска љубов“ и „Бидете среќни засекогаш!“. Со овој потег, Кејт и Вилијам уште еднаш покажаа дека љубовта е посилна од сите шпекулации.




