Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Моември: Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

Магазин

Моември: Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Clinic како дел од кампањата Моември во сабота, 14 ноември, од 13 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за мажите.

– „Моември како месец на машкото здравје се покажа како успешна кампања а една од темите е проблемот со косата кај мажите. Поттикнати од интересот кај граѓаните за прегледи на косата, се решивме со трихолозите повторно да организираме настан на кој директно и отворено да се разговара на таа тема“ вели Мики Трајкоски од Превентус.

Тимот на доктори – трихолози од центарот за коса 101 Hair Clinic постојано се во акција се со цел да ги едуцираат граѓаните за грижата за нивната коса.

– „Очекуваме на настанот се повеќе мажи да не посетат и директно да разговараат со нас. Проблемот на косата се јавува кај сите генерации особено кај младите. Од година во година се поголем причинител за проблемот со косата е стресот, брзото темпо на живеење и негрижата за себе си“ додаде д-р Елена Арсова, трихолог.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.