Ви препорачуваме
Месецот на машкото здравје – „Моември“ се одбележува по четврти пат во Македонија
Депресија е главната тема за месецот на машко здравје Моември, кој ќе се одбележи по четврти пат во Македонија од стана на Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје.
Кампањата ќе вклучува он-лајн активности и едукативни текстови, бесплатни прегледи за здравјето на косата, како и со забава поддржана од светскиот бренд DUREX.
– „Со задоволство може да кажеме дека Превентус успеа да ги поттикне мажите да почнат повеќе да се грижат за своето здравје и да работат на зголемување на свеста преку пуштање мустаќи. Нашата цел е да вршиме едукација и да превенираме. Ајде сите заедно да го смениме ликот на машкото здравје“ изјави Ристо Гапиќ, извршен директор на ПРЕВЕНТУС.




