Магазин
Најдобри модни изданија на доделувањето на наградите “Златен глобус”
Најголемите телевизиски и филмски ѕвезди на денешницата се собраа пред хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, каде што се одржа 76 – тиот Златен глобус, а модните изданија на славните убавици оваа година, не не разочараа.
Познатата 32-годишна пејачка Лејди Гага и ѕвезда на филмот “Ѕвездата е родена” воодушеви на црвениот тепих во прекрасен и раскошен светло син фустан на модната куќа Валентино, надополнет со дијамантскиот ѓердан Тифани.

















