Занимливости
НЕОБИЧНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ТРАДИЦИИ: Како се слави Велигден ширум светот
Во САД најраспространета е традицијата да се кријат шарени јајца низ домот или дворот и во недела наутро децата да ги бараат. Во повеќе земји од западна Европа неизбежни се чоколадните јајца и чоколадните зајчиња, но постојат и многу почудни традиции.
Во Словачка, Чешка, Полска и Унгарија припадничките на понежниот пол да не се изненадат ако некое машко ги удира по нозете и задникот со украсена прачка од врба или бреза. Тоа се прави со благослов да бидат здрави и убави.
Во овие земји девојките наутро може да бидат изненадени и со малку несекојдневно будење, со истурање вода врз главата, но традицијата им дава можност утредента тие истото да им го направат на машките.




