Низ објективот
Кралското семејство уживаше во природа – овие фотографии го „стопија“ светот (ГАЛЕРИЈА)
Принцот Вилијам и војвотката Кејт и нивните три деца ја посетија „РХС Гарден“, една од најубавите шумски градини во Челси.
Фотографиите кои ги споделија на официјалниот профил на Инстаграм го воодушевија светот, токму поради нивната спонтаност и неформалност. Како што вели кралското семејство, идејата на оваа посета е да ги мотивираат граѓаните да поминуваат повеќе време во природата.
На фотографиите објавени на профилот на Кенсингтонската палата може да се забележи како најмладите членови на кралското семејство се запознаваат со природата, но и дека целосно уживаат во тоа.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




