Мадона пристигна во Тел Авив за финалето на Евровизија (ВИДЕО)
Поп ѕвездата Мадона пристигна во Тел Авив со што и официјално го потврди нејзиното учество во финалето на Евровизија кое ќе се одржи во сабота на 18-ти мај.
Како што пишуваат израелските медиуми, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи фотографите, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го резервирала целиот 4-ти спрат.
По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително се било решено. Опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.




