Магазин
Објавен официјалниот портрет на Меланија Трамп
Белата куќа го објави официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп.
Фотографијата е направена од белгискa фотографка Реџине Махо, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години. Фотографијата е направена на 21 јануари 2025 година. Реџине го направи и официјалниот портрет на Меланија Трамп во 2017 година.
„Навистина ми е чест што ме избраа повторно да го снимам портретот. Како уметник, голема привилегија е да се работи со таква инспиративна жена. Таа е перфекционист“, изјави фотографката за Би-Би-Си.





