Шоубиз
Тимберлејк проговори за борбата што ја водел далеку од очите на јавноста
Откако две години непрекинато настапуваше на сцените низ светот, Џастин Тимберлејк реши да ја отвори душата и да проговори за сериозниот здравствен предизвик со кој се соочува. На својот Инстаграм профил, музичката ѕвезда сподели дека боледува од Лајмска болест – состојба која го принудила да го преиспита темпото на живот и да постави приоритети.
„Не сум личност што лесно зборува за себе, но чувствувам дека јавноста заслужува искреност“, напиша Тимберлејк. Првите симптоми, како болки во нервите, длабок замор и физичка исцрпеност, се појавиле додека бил на сцена – токму тогаш започнале неговите сомнежи.
Дијагнозата стигнала неочекувано, но наместо да се повлече од музиката, Џастин решил да продолжи – воден од љубовта кон публиката и желбата да не дозволи болеста да му го одземе она што го прави среќен.




