Патувања
Хрватска прогласена за најдобра европска дестинација за 2025 година
По гласањето на над милион патници, Хрватска е избрана за најдобра европска земја за 2025 година.
Патниците ја опишуваат како неспоредливо убаво место со разновидни пејзажи, кристално чисти плажи, историски градови и илјадници острови.
Оваа земја ги привлекува туристите со својата непокорена природа, од шармантните градови до зелените шуми и величествените планини. Хрватска нуди нешто за секој патник: од плажи и авантури до луксузни екскурзии и гастрономија од светска класа.



