Актуелно
Солун воведува блокатори за возила со странски таблички
Солунската општина започна со примена на построги мерки против непрописно паркирани возила, воведувајќи блокатори на тркала како средство за санкционирање, што важи и за сите возила со странски регистарски таблички, вклучувајќи ги и туристите од Македонија.
Со цел да се намали хаосот во урбаните делови на градот, особено за време на летната туристичка сезона, одлуката предвидува поставување блокатори на возила кои се затекнати на места резервирани за локални жители, лица со попреченост, или на зони за товарење и истовар.
„Немаме друг избор – паркирањето на десетици возила со странски таблички секојдневно го нарушува градскиот ред, а чести се случаите кога возачите свесно ги отстрануваат табличките за да избегнат казна“, соопшти општината.



