Патувања
Заборавете на Комо, еве зошто Охрид го освојува светот – скапоцен камен скриен од масовниот туризам
Додека италијанското езеро Комо секое лето е преплавено со туристи и станува сѐ поскапа и понатрупана дестинација, Охридското Езеро во Македонија сѐ повеќе привлекува внимание како алтернатива со недопрена убавина, длабока историја и пристапни цени.
Токму така го опишува британскиот специјализиран туристички медиум Travel and Tour World (TTW) во текстот насловен:
„Патниците од Италија, Македонија и Велика Британија откриваат неверојатно античко езерско бегство, кое му се спротивставува на езерото Комо со богато наследство, зачудувачки погледи и непобедлива вредност.“
Во статијата објавена на 18 април 2025 година, ТТВ ја претставува македонската туристичка гордост како „најдобро чуваната тајна на Европа“, наведувајќи ја како мирна и инспиративна алтернатива на пренатрупаните европски дестинации.



