Подводна еко патрола во Охридското Езеро (ГАЛЕРИЈА)
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА успешно го реализираа проектот „Подводна еко патрола”.
Целта на овој проект беше да се детектираат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Беа опфатени четири реки: Черава, Грашница, Далјан и Сатеска.
Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека…






