Занимливости
Прилепчанец освои добивка од 520.000 евра на спортско обложување
Четириесет и осумгодишниот прилепчанец Ване Лесноски денеска е главна тема во својот роден град, па и во Македонија, откако синоќа се дозна дека ја има најголемата добивка на спортско обложување од 520.000 евра.
И по 12-тина часа од среќната вест се уште е возбуден и со неверување. Го затекнавме на излегување од својот семеен дом. Вели, тргнал да се види со менаџерот на обложувалницата „Моцарт“ каде ги доби парите на спортска прогноза. Откри дека се уште трае возбудата.
– Синоќа кога го чекав резултатот од последниот натпревар во Лигата на шампионите Севиља – Манчестер Јунајтед се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност, голема возбуда. Навидум бев мирен. Се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, ама кога го слушнав резултатот, занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Ова не се случува секој ден. Сега, по 12-ина часа уморен сум, исцрпен, ама има време, ќе се одморам, вели среќниот добитник Ване Лесноски.




