Занимливости
Доцнењето некогаш може да спаси живот
Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и професор Акис Целентис не успеа да се качи на авионот со кој требало да отпатува од Техеран до Јасуџ. Поради доцнењето, не стана 66-та жртва од вчерашната авионска несреќа, во која загинаа 65 лица.
– Поради неверојатниот метеж во Техеран, задоцнив и не успеав да се качам на тој лет. Планирав во Јасуџ да одам со тој или следниот лет, изјави Целентис за АНА.
Во авионот од типот АТР-72, кој летал на релација од Техеран кон југозападниот ирански град Јасуџ, се наоѓале 59 патници и шестмина членови на екипажот. Леталото се урнало во планински регион на околу 480 километри јужно од Техеран.




