Занимливости
Продажбата на аранжманите како лани, зголемен интересот за Турција
Во екот на туристичката сезона аранжманите што ги нудат туристичките агенции се речиси распродадени. Продажбата е слична како и минатата година, а во некои агенции продадени се скоро 90 проценти од аранжманите.
Туристичките агенции се задоволни од тоа како досега се одвива продажбата и велат дека аранжманите се продаваат. Во дел од агенциите се уште има слободни места, а некаде може да се најдат и понуди „last minute“.
– Иста е побарувачката како минатата година, нема некое опаѓање. Аранжманите се продаваат. Авионите се полнат околу 90 проценти. Не можеме да кажеме дека до крајот на септември сме полни, но сместувачките капацитети се полнат, велат од туристичката агенција „Фибула“.




