Ви препорачуваме
Шест решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици
Колку и да сакаат да ги носат, многу жени се откажуваат од високи потпетици бидејќи не можат да ја трпат болката во нозете кои тие често ја предизвикуваат. Но, одлична вест е дека ниту една жена повеќе нема да мора да се откажува од овие секси чевли, бидејќи има шест универзални решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици.
1. Залепете ги прстите со фластер
За да го намалите притисокот од делот на табаните под прстите, третиот и четвртиот прст заедно залепете ги со фластер. Овој трик делува, бидејќи меѓу тие два ножни прста се наоѓа нерв, а фластерот минимализира каков било напор при одењето на високи чевли.




