Занимливости
СКАНДАЛ ИЛИ СРЕЌА: Семејство од Скопје собра десетина награди на Стобиранка
За некои скандалозно, за други чиста среќа – семејство од Скопје успеа да земе десетина награди на првото извлекување во наградната игра „Стобиранка“ на компанијата Витаминка.
И додека социјалните мрежи се преплавени со коментари за, според нив, наместеното доделување на наградите, компанијата Витаминка, преку порталот Фактор.мк, ги демантира обвинувањата:
– „Витаминка како сериозна компанија ги зеде предвид сите коментари на Фејсбук кои се однесуваат на наградната игра Стобиранка. Направена е дополнителна проверка на сите добитници и сакаме да ве информираме дека нема ниту една нерегуларност ниту пак злоупотреба на механизмите на наградната игра“.





