Магазин
Старите бабини рецепти добија ново гурманско руво
Старите бабини рецепти добија ново гурманско руво на вчерашното одбележување на Денот на бабата.
Членовите и поддржувачите на македонската традиционална храна, со мотото „Ако нешто не ти успева, јави се кај баба“, вчера во ресторанот „Ореов лад“ во населбата Сарај, по шести пат, приготвуваа традиционални јадења. Настанот го организираат членовите на организацијата Слоу Фуд Водно.
„Целта е да ја промовираме традицоналната храна. Тоа го правиме на разни начини и преку различни проекти. Затоа, годинава го промовираме и проектот „Конзервираме заедно“ од програмата Ерасмус+, а промовираме и неформална група готвачи кои се собираат заедно за да прераснат во Алијанса на готвачи. Ова е новиот проект на кој ќе работиме во иднина“, рече Василка Стефановска, лидер на конвивиумот Слоу Фуд Водно.




