Магазин
Врвните вина на „Тиквеш“ со 34 награди на најпознатите светски вински натпревари
Во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, врвните вина на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и „Декантер“ и „Интернешенел Вајн Челинџ“ во Лондон.
На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на „Тиквеш“. Најголем дел од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки.
Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беа далеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното. Тоа јасно покажува дека „Тиквеш“ располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност.




