Занимливости
Тигар уби чувар во Зоолошката градина во Полска
Еден суматарски тигар од Зоолошката градина во полскиот град Вроцлав, утрово нападнал и убил еден од чуварте во текот на рутинското чистење на неговиот кафез, соопшти портпаролот на локалната полиција, Камил Ринкјевич.
Според наводите на локалната телевизија ТВН 24, чуварот имал 20-годишно искуство во водење сметка за тигрите.
Обвинителството започна истрага за случјот, а директорот на Зоолошката градина најави дека ќе оддржи прес-конференција во врска со овој настан во текот на денов.


