Магазин
Светски спортски брендови во новата продавница BUZZ во Скопје Сити Мол
Вториот кат во Скопје Сити Мол е новото место за фанатиците по различни и лимитирани изданија на патики и lifestyle гардероба со урбан печат. Со автентичен израз и уникатно шопинг искуство, BUZZ пристигна и во Македонија.
BUZZ на своите потрошувачи им носи новитети од глобалното опкружување преку селектирани колекции презентирани на посебен начин. Мисијата на овој lifestyle концепт е да промовира нова култура на casual и спортска гардероба преку модерна, поинаква и оригинална презентација.
Потрошувачите на BUZZ се трендсетери кои ги следат светските трендови, определени за спортска елеганција која го отсликува нивниот начин на живот – опуштен и “cool“.





