Ви препорачуваме
Уникатна колекција на Скопско дизајнирана од Фолтин, Мугер Фугер, Гоце Саф и Суперхикс
Новата уникатна колекција на Скопско шишиња беше промовирана на големата Скопско журка што се одржа вчера на Пиволенд. Четирите оригинални етикети на Скопско шишињата се дело на најдобрите дизајнери на звук: Фолтин, Гоце Саф, Мугер Фугер и Суперхикс.
Инспирирани од својата музика и од Скопско како симбол нивните генерации, познатите музичари го преточија својот музички израз во креативни решенија создавајќи Скопско етикети кои ќе останат запаметени како оригинални уметнички дела.
Дизајните имаат модерен изглед и комуницираат со публиката која ја цени креативноста, сака добро пиво и слуша квалитетна музика. Според многумина, Скопско етикетите дизајнирани од музичарите се најинтересните кои се појавиле кај нас.




