Занимливости
Јодот како превенција за рак на дојка
Бројот на луѓе во светот, на кои им е дијагностициран рак, се зголемил во 2012 година на 14 милиони, а се предвидува бројот на заболените до 2025 година да надмине 20 милиони со тенденција за натамошен раст, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).
Факт е дека од рак умираат милиони луѓе секоја година, лекувањето е скапо и со непредвидлив исход, со што се истакнува важноста од превенција.
Во извештајот на СЗО се наведува дека дури и развиените земји имаат проблем со скапите третмани на лекување и негата за пациентите. Новите клинички истражувања покажале директна поврзаност на конзумирањето јод и превенцијата за ширење рак на дојка, што претставува револуционерно откритие.




