
Ви препорачуваме
ДАЛИ СТЕ ДОВОЛНО ХИДРИРАНИ: Не заборавајте да пиете вода во топлите летни денови
Топлотниот бран и оваа недела ќе ги качи температурите над 40-тиот степен, па затоа ние сме тука да ве потсетиме колку е важно да се пие вода во овие топли денови.
Доколку, пак, не пиете доволно вода, ова се дел од работите што може да ви се случат.
Се влошува кожата
Водата ја хидрира кожата, па веројатно можете да замислите што ќе се случи ако дехидрирате. Кога не пиете доволно вода, колагенот почнува да се крши и да се врзува, со тоа предизвикувајќи малите и големите брчки да бидат позабележливи. И од внатре почнува да реагира. Кога заборавате на вода, очекувајте устата, кожата и се останато да ви биде посуво од обично.



