„EXIT“: Специјален настап на светски познатата ѕвезда Шарлот де Вит на тврдината Могрен во Будва
Едно од најголемите имиња на светската електронска музичка сцена – белгиската продуцентка и DJ Шарлот де Вит, сними специјален настап на уникатна локација на будванската тврдина Могрен.
Овој настап, претставувајќи го нејзиното ново EP „Rave on Time“, се реализира во рамките на проектот InifinitX во организација на EXIT, кој во склад со глобалните трендови на промоција на дестинации ги спојува најголемите имиња од музичката сфера со најубавите локации ширум светот, а реализиран е со логистичка поддршка на Туристичката организација Будва.
Ваквиот начин на промоција на дестинации и нивните културни добра стана апсолутен хит во светот и привлекува милионски аудиториум, притоа дополнително беше актуелизиран во добата на корона земајќи предвид дека младите луѓе кои ги следат ваквите содржини се меѓу првите кои се враќаат на туристичките патувања.





