Galaxy Z Flip6 – телефон на преклоп за максимална креативност
Дали посакувате телефон кој ќе ја изразува вашата личност, кој ќе ги прави најоткачените фотографии и кој секој ќе го забележи? Одговорот е едноставен: Galaxy Z Flip6.
Овој уникатен и извонреден телефон кој Samsung неодамна го лансираше со својата најнова генерација телефони на преклоп, веќе важи за докажан уред кој ги надмина очекувањата на своите корисници, нудејќи не само телефон, туку вистинска платформа за личен израз и креативност.
Galaxy Z Flip6 е за сите оние кои сакаат нешто уникатно и персонализирано. Со помош на надворешниот екран FlexWindow, буквално можеш да го направиш телефонот по свој вкус, давајќи му го посакуваниот изглед на главниот дисплеј кој ќе ја одразува твојата личност. Еден од главните адути на Galaxy Z Flip6 е можноста за лесно менување на теми, икони и дури и самата функција на копчињата на екранот, и сето ова може да биде изразено во минималистички стил или пак во смели шарени комбинации.








