Како да е родена во Македонија: Русинката Маша пее на македонски јазик (ВИДЕО)
Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да слушаме и гледаме веќе со години.
Факт е дека на поп-сцената во нашата земја и недостигаат млади артисти кои ќе донесат еден нов и модерен звук, а токму еден таков артист е младата пејачка Маша.
Ако се прашувате од каде ова специфично име, одговорот е во тоа што Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја.




