Време е за „Winter Last Minute Sale“ во Скопје Сити Мол!
Големите зимски попусти се веќе тука и време е за уживање во шопинг во Скопје Сити Мол по уште пониски, односни екстремно ниски цени.
Во овој период па се до почетокот на февруари во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на зимските колекции.
Како што знаеме сите, овој зимски период или период на празници знае да биде навистина тежок за домашниот буџет, затоа Скопје Сити Мол заедно со своите закупци се погрижија посетителите да уживаат во екстремно ниски цени, замрзнати цени, големи акции и промоции. Овие попусти се последни од серијата на намалување кога се работи за есен/зима колекциите.




