Занимливости
Во светот останаа уште само три бели носорози
Женката бел носорог Нола од зоолошката градина во Сан Диего доби инфекција и покрај неколкудневниот надзор од ветеринар нејзината здравствена состојба нагло се влоши, поради што беше решено таа да биде успиена.
Нола, која беше тешка 1.800 килограми, беше единствен бел носорог што живееше на северната земјина хемисфера.
Со нејизното угинување, на светот преостанаа уште само три бели носорози, кои живеат во националниот парк Ол Пеџета во Кенија.




