Занимливости
Ученици на меѓународното училиште НОВА донираа книги и слики на случајни минувачи
Голем број Скопјани кои во саботата (21 ноември) се разминаа низ гратските улици со учениците од меѓународното училиште НОВА, добија бесплатна книга, слика, цвеќе, колаче или искрена прегратка. Ширејќи оптимизам и позитивни пораки, околу 40 средношколци беа дел од хуманитарната акција насловена Thinking Humanity Walk која се одржа по четврти пат.
– Не мора да се вложат огромни сретства за да се направи хумано дело. Оваа прошетка пополека прерасна во наша традиционална активност и сите подароци кои учениците им ги даваат на минувачите се симболични и се собрани преку донации. Но секоја година настанот е сè поголем и се надеваме дека тој раст ќе продолжи и во иднина. Воедно сме презадоволни и од резултатите кои ги мериме во позитивна енергија и преубави коментари – велат од НОВА.
