Магазин
За одмор на луксузна јахта плаќаат и до 60 илјади евра
На пловечкиот луксуз од 56 илјади тони ќе бидат сместени 542 членови на екипажот, кој ќе се грижи за потребите на 750 патници. Ова ќе биде најлуксузниот брод на компанија Реџент Севн Сис (Regent Seven Seas).
Крузерот Севен Сис Експлорер (Seven Seas Explorer) на своето прво патување од Монте Карло до Венеција ќе тргне во јули следната година. Бродот се уште е во изградба во италијанското бродоградилиште Финкантери, а тој ќе биде четври и најлуксузен во флотата на Реџент Севн Сис.
Апартманите ќе имаат големи балкони и поглед на море од креветот, додека оние во пентхаусите ќе имаа две соби. Повеќето кабини исто така ќе имаат и мермена бања со голема када и посебна кабина за туширање. Патниците во пентхаусот ќе имаат туш доволно голем за двајца, со млазеви вода кои доаѓаат од сите страни.




