Занимливости
РАБОТА ОД СОНИШТАТА: НАСА му плаќа 18.000 долари да лежи во кревет 70 дена
Кога пред две години се пријавил на оглас на Интернет, каде Американската вселенска агенција НАСА нуди 18.000 долари на лице кое ќе лежи во кревет 70 дена, Андреј Иваницки мислел дека тоа е работа од соништата. Се покажа дека, сепак, таа задача воопшто не е пријатна, всушност тоа било многу болно.
Како што јавуваат американските медиуми, 28-годишниот државјанин на САД учествуваше во експериментот „Bed-Rest-Study“ каде научниците на НАСА се обидуваат да дознаат како човечкиот организам, особено коските и мускулите, реагираат во вселената. Иваницки го започна експериментот во август 2014 година.
– Никогаш не сум лежел во болница, така што ова искуство беше целосно непознато. Самиот факт дека не смеев да седнам ја правеше цела ситуација уште поекстремна. Физички беше многу болно: телото не е навикнато да биде испружено толку долго време, рече Иваницки. Тој бил приморан 70 дена по ред да лежи во креветот чиј долен дел бил подкренат за шест степени за да може нозете да бидат на повисоко од главата.




