Занимливости
Фановите на Тејлор Свифт го „срушија“ Google
Тејлор Свифт и нејзините обожаватели успеаја да го „срушат“ дури и Google.
Пејачката во соработка со „Google“ на своите обожаватели им претстави игра со зборови која мораа да ја играат за да ги дознаат имињата на нејзините досега необјавени песни кои ќе се најдат на албумот 1989 (Taylor’s Version). Според вокабуларот на Тејлор Свифт и нејзините фанови, всушност тие така треба да го отворат „сефот“. За да пристапат до играта, фановите морале да го пребаруваат нејзиното име и презиме на Google, по што ќе им се појавувале загатки за решавање. За Тејлор да ги открие насловите на песните, играта мора да се реши 33 милиони пати.
Секако, тоа предизвика бран на „гуглање“ со терминот „Тејлор Свифт“ со кој ни самата компанија не можеше да се справи, па страницата се „сруши“.




