Музика
Тејлор Свифт сруши рекорд: 1,2 милиони продадени плочи од новиот албум во една недела!
Новиот албум на Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, го сруши американскиот рекорд со неверојатни 1,2 милиони продадени плочи во само една недела!
Албумот, кој излезе на 3 октомври, се продаде во вкупно 2,7 милиони примероци, што претставува личен рекорд за Свифт и уште еден доказ за нејзината моќна позиција во музичката индустрија.
Досега, единствено Адел успеала да постигне подобар резултат – со својот легендарен албум „25“, кој во 2015 година продаде 3,3 милиони примероци во првата недела.




