
Занимливости
Калтрина: Ми замеруваат како може да сум и професорка и инфлуенсер
Во новата епизода на „Нешто конкретно“, гостинките Вера Мештеровиќ, Калтрина, Весна Кирајџиева и Дина Муцунцка дебатираат на темата: Дали самостојна жена е привилегија или предизвик? Разговорот ги отвори прашањата за ставовите, облеката, улогата на партнерот и предизвиците со кои се соочуваат жените во современото општество.
Вера Мештеровиќ: „Одредени дами ургираа да дојдат на моето место“
Вера откри дека пред да стане водителка, некои жени активно се обидувале да го заземат нејзиното место:
„Се користеа со разни начини за да дојдат таму каде сум јас,“ рече таа.
Калтрина: „Ми замеруваат како може да сум и професорка и инфлуенцер“
Калтрина сподели дека е предизвик да се комбинираат професорската кариера и инфлуенцерството. Според неа, коментарите често се насочени кон тоа дека овие две улоги не одат заедно.



