Занимливости
Македонија сè попривлечна за странските туристи – над 55.000 туристи во декември 2024
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година Македонија ја посетиле 55.371 туристи, од кои 38,5 % биле домашни, а 61,5 % странски туристи.
Бројот на ноќевања во истиот месец изнесувал 113.490, од кои 41,2 % биле од домашни туристи, а 58,8 % од странски.
Кои туристи биле најбројни?
✅ Турција – 7.809 туристи
✅ Бугарија – 4.711 туристи
✅ Србија – 4.183 туристи
✅ Грција – 3.507 туристи
✅ Германија – 1.388 туристи




