Сцена
На 58 годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов – Кили
Македонската сцена остана без уште едно препознатливо актерско лице. На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов – Кили, информација што ја потврдија блиски пријатели на семејството.
Според достапните информации, актерот починал во Еквадор, каде што живееше во изминатите години. Веста за неговата смрт ја соопштила неговата сопруга, кореографката Гордана Деан Поп‑Христова, на неговите блиски во Скопје.
Од Скопје до Еквадор
Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започнал по дипломирањето на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Студиите ги завршил во 1989 година во класата на истакнатиот режисер и професор Љубиша Георгиевски.



