Занимливости
Нејзината промена ја шокираше јавноста – ова е начинот на кој Адел ослабе
Адел отсекогаш била препознатлива по својот моќен глас и емотивни балади, но во последните години, нејзината трансформација беше една од најкоментираните теми во јавноста.
Кога се појави со драстично намалена тежина, многумина се запрашаа – што стои зад оваа промена? Тајната се крие во Сиртфуд диетата, план за исхрана што го освои светот.
Што е Сиртфуд диетата и зошто е толку популарна?
Оваа диета се фокусира на активирање на сиртуините – протеини кои го забрзуваат метаболизмот, го регулираат нивото на шеќер во крвта и поттикнуваат согорување на мастите, а притоа ја зачувуваат мускулната маса. Наместо драстично намалување на калории, таа се базира на консумирање на специфични намирници што природно го стимулираат организмот.




