Занимливости
Пуштени во оптек новите монети од една фунта со ликот на британскиот крал
Првите монети од една фунта со ликот на британскиот крал Чарлс III. влегоа во оптек како дел од колекцијата инспирирана од животни и растенија.
Најновиот дизајн, на кој се претставени две пчели, е издаден во пошти и банки, а речиси три милиони монети оваа недела ќе пристигнат во касите и џебовите на луѓето ширум земјата.





