Занимливости
„Сити базар“ – викенд на креативност во Скопје сити мол
На 25 и 26 јануари, на првиот кат во Скопје Сити Мол, ќе се одржи „Сити базар – јануарска викенд приказна“, каде што посетителите ќе можат да уживаат во уникатни и рачно изработени производи. Ќе бидат претставени органски производи од мед, еколошки восочни производи, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа.
Новата иницијатива „Сити базар“
„Сити базар“ претставува нова и возбудлива иницијатива на Скопје Сити Мол, која започнува оваа година. Целта на платформата е да го оживее духот на оригиналните и современи занаети, нудејќи широка палета на производи изработени од вештите раце на македонските ракотворци.
Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно поддржува локални производители и занаетчии, создавајќи простор за промоција на нивните уникатни креации. Со оваа иницијатива, не само што се обезбедува платформа за иновативни занаетчии, туку и се поттикнува свеста за поддршка на домашното производство.




